Сет од декоративно пакување за цвеќе во црвена боја и кутија прозорец во црвена боја

Шифра на производ: SET14C

со картички за порака и стикери за лепење и декорирање на пликот и на кутијата

510 ден

Категорија СЕТ ОД КУТИЈА И ПЛИК
Боја Сетот се состои од декоративно пакување за цвеќе во ЦРВЕНА боја и кутија прозорец во ЦРВЕНА боја
Материјал на декоративно пакување МЕТАЛИЗИРАН КАРТОН - декоративното пакување е изработено од посебен вид на картон обложен со метализирана фолија. Овој материјал има огледален ефект и денес е многу популарен и широко употребуван за различни видови на кутии за премиум пакување. 
Материјал на кутија МЕТАЛИЗИРАН КАРТОН од надвор и БЕЛ МИКРОВАЛ од внатре - Надворешниот дел на кутијата е изработен од посебен вид на картон обложен со метализирана фолија. Овој материјал има огледален ефект и денес е многу популарен и широко употребуван за различни видови на кутии за премиум пакување. Внатрешниот дел на кутијата е изработен од бел микровал. Овој материјал ја прави кутијата многу цврста.
Димензии ШхД на декоративно пакување 40cm x 30cm
Димензии ШхВхД на кутија 6cm x 26cm x 20cm
Тежина на декоративно пакување 35 g
Тежина на кутија 95 g
Содржина на подарок / Идеи за подарок во сетот Овој сет е соодветен за сите поводи за кои сакате да подарите подарок во matching set: 

  1. ЦВЕЌЕ, БОНБОНИЕРА И ПАРИ / ГРЕПКА / ВАУЧЕР
  2. ЦВЕЌЕ, КОЗМЕТИКА И БОНБОНИЕРА
  3. ЦВЕЌЕ, ОБЛЕКА И БОНБОНИЕРА
  4. ЦВЕЌЕ, ШАЛЧЕ / МАРАМА, ХУЛАХОПКИ И БОНБОНИЕРА
  5. ЦВЕЌЕ, ДОЛНА ОБЛЕКА, ЧОРАПИ И БОНБОНИЕРА
  6. ЦВЕЌЕ, БЕБЕШКИ / ДЕТСКИ  СЕТ, ОБУВКИ И ИГРАЧКА
  7. ЦВЕЌЕ И ИГРАЧКИ
  8. ЦВЕЌЕ И ШКОЛСКИ ПРИБОР
  9. ЦВЕЌЕ, НОТЕС И ПЕНКАЛО, КНИГА, СВЕЌА, МАЛО САКСИСКО ЦВЕЌЕ
Примател на подарок Сетот е соодветен е за сите поводи за кои сакате да подарите на: ЖЕНСКО, БЕБЕ, ДЕТЕ или БРАЧЕН ПАР
Поводи ВЕРИДБА, РЕГИСТРАЦИЈА, СВАДБА, ВСЕЛУВАЊЕ ВО НОВ ДОМ, МЛАДЕНЦИ, ДАРУВАЊЕ НА КУМОВЦИ, ДОБРЕ ДОЈДЕ БЕБЕ, МЕКИЦИ ЗА БЕБЕ, КРШТЕВКА, РОДЕНДЕН, ПОЛУМАТУРА, МАТУРА, ДИПЛОМСКА, ПЕНЗИОНИРАЊЕ, 8 МАРТ
Земја на производство Декоративното пакување за цвеќе и кутијата прозорец се комплетно изработени во печатница во Р. МАКЕДОНИЈА
Колекција Mirror

Сет од декоративно пакување за цвеќе во црвена боја со картичка за порака и стикер панделка за лепење на пликот (дел од декоративното пакување за цвеќе е специјално мало пликце) и кутија прозорец со картичка за порака и стикери завеса и рачка во форма на срце за лепење и декорирање на кутијата. Со декоративното пакување за цвеќе добивате картичка на која може да напишете порака со желба (роденден, 8 март, дипломска) и стикер панделка за да го залепите и декорирате пликот. Со кутија прозорец добивате картичка на која може да напишете порака со желба (добре дојде бебе, роденден, дипломска) и стикери завеса и рачка за да ја залепите и декорирате кутијата. Поразлична е од сите наши кутии бидејќи подарокот во неа се гледа, може и да се допре. Не е погодна за ситни подароци. Може да се користи и без стикери. Кутијата ја добивате расклопена, многу е лесна и едноставна за склопување. 

 

Со секое декоративно пакување за цвеќе има упатство за пакување и предлог идеи за подарок во декоративното пакување.

 

Чекори:

  1. Го отворате декоративното пакување
  2. Го ставате цвеќето во декоративното пакување 
  3. Пишувате порака со желба на картичката
  4. Ја ставате картичката во специјалното пликце кое е дел од декоративното пакување
  5. Го лепите и го декорирате пликцето со стикер. 

 

Со секоја кутија прозорец има упатство за пакување на кутијата и предлог идеи за подарок во кутијата.

Чекори:

  1. Ја склопувате кутијата
  2. Го ставате подарокот во кутијата 
  3. Пишувате порака со желба на картичката
  4. Ја ставате картичката во кутијата 
  5. Ја лепите и ја декорирате кутијата со стикери.