Рефундирање на средства
Прочитајте ги условите под кои вршиме рефундирање на средства
НОРА ПАКИЏ ДООЕЛ Богданци овозможува рефундирање на средства за производите кои се купени и платени од е-продавницата www.norapackage.mk под долунаведените услови:
- Откако курирот ќе ви ја достави пратката, во негово присуство веднаш проверете го производот и доколку на него има видливи оштетувања или производот не е во согласност со вашата нарачка, побарајте не на телефонскиот број 077 904 088 или испратете ни е-пошта со податоци (име, презиме, телефон за контакт, трансакциска сметка) на contact.norapackage@gmail.com со наслов „Рефундирање на средства“ и наведете ги причините поради кои сакате да направите замена, односно, враќање на производот. Контактирајте не најдоцна во рок од 24 часа од приемот на пратката. Во најкраток можен рок, нашиот оператор ќе ве извести за понатамошната постапка.
- Производот може да го вратите или замените во рок од 7 дена од денот на направената нарачка. Производот мора да бидe неоштетен и неупотребуван, спакуван во неговата оригинална амбалажа, придружен со сите оригинални документи кои сте ги добиле заедно со производот (фискална сметка/фактура). Така подготвен и спакуван, на ваш трошок, можете да го вратите производот во НОРА ПАКИЏ ДООЕЛ на адреса: ул. “Маршал Тито” бр. 153, 1484 Богданци.
- Во случај да барате враќање на паричните средства, тоа можете да го остварите само доколку производот го вратите неупотребуван и во оригиналното пакување, со приложена фискална сметка/фактура во период од 7 дена од приемот на производот. Парите ќе ви бидат вратени на трансакциската сметка која сте ја приложиле како податок во е-поштата.
- По приемот на производот проверуваме дали производот е оштетен или користен, а потоа ви испраќаме соодветна замена.
Враќањето на средства на купувачот, без оглед на причината за враќање, online продавницата www.norapackage.mk има обврска да го изврши исклучително на трансакциската сметка која гласи на име на нарачателот на производот, односно, на лицето на чие име била изготвена фактурата.