Соработки
Нашиот бренд во вашето продажно место?
Имате продажна локација или ланец продажни локации (книжарница, цвеќарница, маркет, тобако) и заинтересирани сте за дел/сите наши производи во вашето продажно место? И ние сме 🙂 Со радост сакаме да ги слушнеме вашите услови за соработка за да можеме да ги прилагодиме и нашите. Сите наши производи имаат декларација со податоци со детален опис на: производот, производителот, баркод, цена, упатство за пакување на производот и идеи за подарок во истиот.
Опции за изложување на нашите производи:
- Наши shelf ready полици/збирни кутии (3 од нашите производи се изложуваат на овој начин)
- Наш брендиран рафт (сите наши производи се изложуваат на овој начин)
- Висечки производи на наши брендирани закачалки кои се закачуваат на вашите рафтови/полици (сите наши производи се изложуваат на овој начин)