Правила за процесот на регистрација и права на субјектите на лични податоци
Правила за процесот на регистрација
На нашата веб страница www.norapackage.mk може да ги погледнете производите кои ги продаваме. Доколку сакате да купите одреден производ, ја внесувате бараната количина и кликате на копчето „Додај во кошничка“.
На нашата веб страница може да купувате и да правите нарачки без креирање на кориснички профил. Нарачката ја правите со внесување на следниве податоци:
- Име и презиме
- Адреса
- Населено место
- Општина
- Поштенски број
- Телефон
- Е-пошта
Плаќањето се врши „Плаќање по достава“.
Права на субјектот на лични податоци
Идентитет и контакт на податоците на Контролорот:
Назив: Друштво за производство, трговија и услуги НОРА ПАКИЏ ДООЕЛ Богданци
e-mail: contact.norapackage@gmail.com
Контакт податоци за офицерот за заштита на личните податоци:
Име и презиме: Васка Роглева
e-mail: contact.norapackage@gmail.com
Телефонски број: +38977904088
Нашата визија за заштита на личните податоци
НОРА ПАКИЏ ДООЕЛ Богданци да биде контролор на лични податоци кој има воспоставено систем за заштитата на личните податоци. НОРА ПАКИЏ ДООЕЛ Богданци во својство на контролор на личните податоци да врши обработка (собирање, евидентирање, организирање, чување итн.) на лични податоци на своите
корисници применувајќи соодветни технички и организациски мерки за обезбедување на безбедност на обработката на личните податоци.
Цели и правен основ за обработка на Вашите лични податоци
- НОРА ПАКИЏ ДООЕЛ Богданци да ја обработува вашата електронска пошта (е-маил), за електронско известување;
- НОРА ПАКИЏ ДООЕЛ Богданци да ја обработува вашата електронска пошта (емаил), за доставување на новости поврзани со НОРА ПАКИЏ (newsletter).
- НОРА ПАКИЏ ДООЕЛ Богданци да ја обработува вашата електронска пошта (емаил), телефонски број, име и презиме и адреса за достава на производи;
- НОРА ПАКИЏ ДООЕЛ Богданци да ги обработува вашите лични податоци за да врши комуникација со надлежни државни институции во законски предвидена постапка.
Рокови на чување на вашите лични податоци
Вашата електронска пошта (е-маил) која се обработува од страна на НОРА ПАКИЏ ДООЕЛ Богданци за цели на доставување на редовни известувања, ќе се обработува и чува се додека постои законска обврска за доставување редовно известување. Вашето име и презиме, електронска пошта (емаил), адреса на живеење и телефонски број кои се обработуваат за цели на директен маркетинг ќе се обработуваат и чуваат се до повлекување на вашата согласност за нивна обработка за наведената цел.
Кои се Вашите права?
Со цел да ги остварите вашите права кои произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци (право на пристап, корекција, бришење, ограничување на обработката на вашите лични податоци, приговор и преносливост), упатете барање на електронската адреса на
офицерот за заштита на лични податоци: Васка Роглева.
Доколку сметате дека е повредено некое ваше право за заштита на личните податоци, имате право да поднесете барање за утврдување на прекршување на прописите за заштита на личните податоци пред Агенцијата за заштита на личните податоци како надлежен орган за вршење на надзор над законитоста на превземените активности при обработката на личните податоци на територијата на Република Северна Македонија.
НОРА ПАКИЏ ДООЕЛ Богданци,
Мај 2026