Подари со љубов

Во nora package, љубовта ја искажуваме преку стикерчиња на толку многу различни ќесички, кутии и пликови за пакување. Создадени со љубов од нас, подарени со љубов од вас. Пронајдете го совршениот подарок за да ја пренесете вашата љубов и восхит. Совршеното пакување за истото пак, ние веќе го дизајниравме без разлика дали сте во потрага по:

  • Детски “срцкасти” подароци, комплетно завиткани во живописни бои и убави материјали, залепени и декорирани со стикери
  • Луксузни пакувања
  • Фенси декоративни пакувања што шепотат “те сакам”
  • Фантастични пакувања за подароци кои оставаат траен впечаток.

 

Правила за одбирање на пакување за подарок

  • Примател на подарок
  • Повод
  • Содржина на подарок
  • Посакувана боја/материјал на пакување

НОРА ПАКИЏ ДООЕЛ Богданци е креативно студио за дизајн и производство на декоративни пликови, кутии и ќеси за подароци.

Концептите околу кои се дизајнирани сите производи во НОРА ПАКИЏ се:

“Спакувај сам”;

“Најди различни декоративни пакувања од исти материјали и исти бои на едно место и направи си сам matching set”;
“Декоративни пакувања за секој повод на едно место” и

“Комплет декоративно пакување со картичка за порака и стикер”.

Со секој главен производ/декоративно пакување (кутија, плик, ќесе) во комплетот има стикери (имаат улога да го залепат и да го декорираат пакувањето и се соодветно дизајнирани според главниот производ - панделка, рачка, завеса, копче, каишка, штипка) и картичка за порака. Производите се целосно изработени во печатница од висококвалитетни материјали.

Веб сајтот се состои од производи (кутии, пликови, ќеси) кои се продаваат на мало, во истите може да спакувате ваши подароци. Производите се дел од колекциите Mirror и Лен-че.

НОРА ПАКИЏ сака да биде дел од вашите подароци.