Плик за цвеќе во розева боја
со картичка за порака и стикер “панделка” за лепење и декорирање на пликцето кое е дел од пликот за цвеќе.
*Минимална количина за нарачка: 6 парчиња.
110 ден
Достапно по нарачка
Достапно по нарачка
| Категорија | ПЛИК |
| Боја | РОЗЕВА |
| Материјал | СЈАЕН КАРТОН - Пликот за цвеќе е изработен од посебен вид на картон обложен со сјајна фолија. Овој материјал има огледален ефект и денес е многу популарен и широко употребуван за различни видови на кутии за премиум пакување. |
| Димензии ШхД | 40cm x 30cm |
| Тежина | 35 g |
| Содржина / Идеи за подарок | Пликот за цвеќе собира и убаво изгледа и со едно и со повеќе цвеќиња (цел букет). Препорачливо е да се остават подолги дршки на цвеќето за да може да се стави во вазна заедно со пликот. Во специјалното пликце кое е дел од пликот за цвеќе, освен картичката за порака и свиткани пари, може да ставите и ситен накит (мал брош, обетки) |
| Примател на подарок | Пликот за цвеќе е соодветен за сите поводи за кои сакате да подарите на: ЖЕНСКО или БРАЧЕН ПАР |
| Поводи | ВЕРИДБА, РЕГИСТРАЦИЈА, СВАДБА, ВСЕЛУВАЊЕ ВО НОВ ДОМ, МЛАДЕНЦИ, ДАРУВАЊЕ НА КУМОВЦИ, ДОБРЕ ДОЈДЕ БЕБЕ, РОДЕНДЕН, КУЌНА СЛАВА, ИМЕНДЕН, МАТУРА, ДИПЛОМСКА, ПЕНЗИОНИРАЊЕ, 8 МАРТ, КОРПОРАТИВНИ ПОДАРОЦИ |
| Земја на производство | Пликот за цвеќе е комплетно изработен во печатница во Р. МАКЕДОНИЈА |
| Колекција | Лен-че |
Плик за цвеќе во розева боја со картичка за порака и стикер панделка за лепење на пликцето. Дел од пликот за цвеќе е специјално мало пликце.
Со пликот за цвеќе добивате картичка на која може да напишете порака со желба (роденден, 8 март, дипломска) и стикер панделка за да го залепите и декорирате малото пликце. Пликот за цвеќе може да се комбинира со плик за пари во иста или друга боја од истата колекција.
Чекори:
1. Го отворате пликот
2. Го ставате цвеќето во пликот
3. Пишувате порака со желба на картичката
4. Ја ставате картичката во специјалното пликце кое е дел од пликот
5. Го лепите и го декорирате пликцето со стикер.



