Новогодишна кутија зградичка Хо хо хо

Шифра на производ: PR9HOHOHO

со картичка за новогодишна посвета и стикери: “зелено чорапче”; “портокалово чорапче”; “црвено бастунче” и “новогодишно венче” за лепење и декорирање на кутијата

Original price was: 279 ден.Current price is: 250 ден.

Категорија НОВОГОДИШНА КУТИЈА
Боја ЦРВЕНА
Материјал СЈАЕН КАРТОН од надвор и БЕЛ МИКРОВАЛ од внатре - Надворешниот дел на новогодишната кутија зградичка е изработен од посебен вид на картон обложен со сјајна фолија. Овој материјал има огледален ефект и денес е многу популарен и широко употребуван за различни видови на кутии за премиум пакување. Внатрешниот дел на кутијата е изработен од бел микровал. Овој материјал ја прави кутијата многу цврста.
Димензии ШхВхД 20cm x 32cm x 20cm
Тежина 95 g
Содржина / Идеи за подарок Поголема од стандардните новогодишни кутии на пазарот наменети за детски подароци, ги собира сите подароци кои планирате да ги спакувате.

P.S. Подароците ѕиркаат од малите прозорчиња.

  1. КОЗМЕТИКА И ЧОКОЛАДИ
  2. ЏЕМПЕР, ТОПЛИНКИ, ЧОКОЛАДИ И МЕЧЕ
  3. ТОПЛИ ЧОРАПИ, РАКАВИЦИ, ШАЛ, ХУЛАХОПКИ И ЧОКОЛАДИ
  4. ДОЛНА ОБЛЕКА, ЧОРАПИ И ЧОКОЛАДИ
  5. БЕБЕШКИ / ДЕТСКИ  СЕТ, ОБУВКИ И ИГРАЧКА
  6.  ИГРАЧКИ
  7. ШКОЛСКИ ПРИБОР
  8. СЛИКОВНИЦИ И КНИГИ
Примател на подарок Новогодишната кутија зградичка е соодветна за сите поводи за кои сакате да подарите на: ДЕТЕ или БЕБЕ
Поводи КОРПОРАТИВНИ НОВОГОДИШНИ ПОДАРОЦИ, НОВА ГОДИНА, БОЖИЌ, ДЕТСКИ ИМЕНДЕН, ДОБРЕ ДОЈДЕ БЕБЕ, МЕКИЦИ ЗА БЕБЕ, КРШТЕВКА, РОДЕНДЕН
Земја на производство Новогодишната кутија зградичка е комплетно изработена во печатница во Р. МАКЕДОНИЈА
Колекција Новогодишна

 

Новогодишна кутија зградичка во црвена сјај боја со картичка за новогодишна посвета и стикери: "зелено чорапче"; "портокалово чорапче"; "црвено бастунче" и "новогодишно венче" за лепење и декорирање на кутијата. Поразлична е од сите наши кутии бидејќи подарокот во неа се гледа, може и да се допре. Кутијата ја добивате расклопена, многу е лесна и едноставна за склопување.

Со кутијата добивате картичка на која може да напишете порака со желба (Нова година, Божиќ, добре дојде бебе, роденден) и стикери: "зелено чорапче"; "портокалово чорапче"; "црвено бастунче" и "новогодишно венче" за да ја залепите и декорирате кутијата.

Со секоја новогодишна кутија зградичка има упатство за пакување на кутијата и предлог идеи за подарок во кутијата.

Чекори:

1. Ја склопувате кутијата
2. Ги ставате подароците во кутијата
3. Пишувате порака со желба на картичката
4. Ја ставате картичката во кутијата
5. Ја затворате, ја лепите и ја декорирате кутијата со стикери од сите страни.