Сет од декоративно пакување за цвеќе во црвена боја и кутија прозорец во црвена боја
со картички за порака и стикери за лепење и декорирање на пликот и на кутијата
510 ден
Достапни и поединечно
| Категорија | СЕТ ОД КУТИЈА И ПЛИК |
| Боја | Сетот се состои од декоративно пакување за цвеќе во ЦРВЕНА боја и кутија прозорец во ЦРВЕНА боја |
| Материјал на декоративно пакување | МЕТАЛИЗИРАН КАРТОН - декоративното пакување е изработено од посебен вид на картон обложен со метализирана фолија. Овој материјал има огледален ефект и денес е многу популарен и широко употребуван за различни видови на кутии за премиум пакување. |
| Материјал на кутија | МЕТАЛИЗИРАН КАРТОН од надвор и БЕЛ МИКРОВАЛ од внатре - Надворешниот дел на кутијата е изработен од посебен вид на картон обложен со метализирана фолија. Овој материјал има огледален ефект и денес е многу популарен и широко употребуван за различни видови на кутии за премиум пакување. Внатрешниот дел на кутијата е изработен од бел микровал. Овој материјал ја прави кутијата многу цврста. |
| Димензии ШхД на декоративно пакување | 40cm x 30cm |
| Димензии ШхВхД на кутија | 6cm x 26cm x 20cm |
| Тежина на декоративно пакување | 35 g |
| Тежина на кутија | 95 g |
| Содржина на подарок / Идеи за подарок во сетот | Овој сет е соодветен за сите поводи за кои сакате да подарите подарок во matching set:
|
| Примател на подарок | Сетот е соодветен е за сите поводи за кои сакате да подарите на: ЖЕНСКО, БЕБЕ, ДЕТЕ или БРАЧЕН ПАР |
| Поводи | ВЕРИДБА, РЕГИСТРАЦИЈА, СВАДБА, ВСЕЛУВАЊЕ ВО НОВ ДОМ, МЛАДЕНЦИ, ДАРУВАЊЕ НА КУМОВЦИ, ДОБРЕ ДОЈДЕ БЕБЕ, МЕКИЦИ ЗА БЕБЕ, КРШТЕВКА, РОДЕНДЕН, ПОЛУМАТУРА, МАТУРА, ДИПЛОМСКА, ПЕНЗИОНИРАЊЕ, 8 МАРТ |
| Земја на производство | Декоративното пакување за цвеќе и кутијата прозорец се комплетно изработени во печатница во Р. МАКЕДОНИЈА |
| Колекција | Mirror |
Сет од декоративно пакување за цвеќе во црвена боја со картичка за порака и стикер панделка за лепење на пликот (дел од декоративното пакување за цвеќе е специјално мало пликце) и кутија прозорец со картичка за порака и стикери завеса и рачка во форма на срце за лепење и декорирање на кутијата. Со декоративното пакување за цвеќе добивате картичка на која може да напишете порака со желба (роденден, 8 март, дипломска) и стикер панделка за да го залепите и декорирате пликот. Со кутија прозорец добивате картичка на која може да напишете порака со желба (добре дојде бебе, роденден, дипломска) и стикери завеса и рачка за да ја залепите и декорирате кутијата. Поразлична е од сите наши кутии бидејќи подарокот во неа се гледа, може и да се допре. Не е погодна за ситни подароци. Може да се користи и без стикери. Кутијата ја добивате расклопена, многу е лесна и едноставна за склопување.
Со секое декоративно пакување за цвеќе има упатство за пакување и предлог идеи за подарок во декоративното пакување.
Чекори:
- Го отворате декоративното пакување
- Го ставате цвеќето во декоративното пакување
- Пишувате порака со желба на картичката
- Ја ставате картичката во специјалното пликце кое е дел од декоративното пакување
- Го лепите и го декорирате пликцето со стикер.
Со секоја кутија прозорец има упатство за пакување на кутијата и предлог идеи за подарок во кутијата.
Чекори:
- Ја склопувате кутијата
- Го ставате подарокот во кутијата
- Пишувате порака со желба на картичката
- Ја ставате картичката во кутијата
- Ја лепите и ја декорирате кутијата со стикери.






