Сет од кутија прозорец во зелена боја и мал плик во розева боја

Шифра на производ: SET20Z

со картички за порака, стикери за лепење и декорирање на кутијата и на пликот и стикер “поштенска марка” за персонализирање на картичката за порака на малиот плик

340 ден

Категорија СЕТ ОД КУТИЈА И ПЛИК
Боја Сетот се состои од кутија прозорец во ЗЕЛЕНА боја и мал плик во РОЗЕВА боја 
Материјал на кутија СЈАЕН КАРТОН од надвор и БЕЛ МИКРОВАЛ од внатре - Надворешниот дел на кутијата е изработен од посебен вид на картон обложен со сјајна фолија. Овој материјал има огледален ефект и денес е многу популарен и широко употребуван за различни видови на кутии за премиум пакување. Внатрешниот дел на кутијата е изработен од бел микровал. Овој материјал ја прави кутијата многу цврста.
Материјал на мал плик СЈАЕН КАРТОН - пликот е изработен од посебен вид на картон обложен со сјајна фолија. Овој материјал има огледален ефект и денес е многу популарен и широко употребуван за различни видови на кутии за премиум пакување.
Димензии ШхВхД на кутија 6cm x 26cm x 20cm
Димензии ШхВхД на мал плик 0,5cm x 10cm x 16cm
Тежина на кутија 95 g
Тежина на мал плик 10 g
Содржина на подарок / Идеи за подарок во сетот Овој сет е соодветен за сите поводи за кои сакате да подарите подарок во matching set: 

  1. БОНБОНИЕРА И ПАРИ / ГРЕПКА / ВАУЧЕР
  2. КОЗМЕТИКА, БОНБОНИЕРА И ПАРИ / ГРЕПКА / ВАУЧЕР
  3. ОБЛЕКА, БОНБОНИЕРА И ПАРИ / ГРЕПКА / ВАУЧЕР
  4. ШАЛЧЕ / МАРАМА, ХУЛАХОПКИ, БОНБОНИЕРА И ПАРИ / ГРЕПКА / ВАУЧЕР 
  5. ДОЛНА ОБЛЕКА, ЧОРАПИ, БОНБОНИЕРА И ПАРИ / ГРЕПКА / ВАУЧЕР
  6. БЕБЕШКИ / ДЕТСКИ  СЕТ, ОБУВКИ, ИГРАЧКА И ПАРИ / ГРЕПКА / ВАУЧЕР
  7. ИГРАЧКИ И ПАРИ / ГРЕПКА / ВАУЧЕР
  8. ШКОЛСКИ ПРИБОР И ПАРИ / ГРЕПКА / ВАУЧЕР
  9. НОТЕС И ПЕНКАЛО, КНИГА, СВЕЌА, МАЛО САКСИСКО ЦВЕЌЕ И ПАРИ / ГРЕПКА / ВАУЧЕР 
  10. ЦВЕТНО ВЕНЧЕ / ЦВЕТЕН АРАНЖМАН И ПАРИ / ГРЕПКА / ВАУЧЕР
  11. ЦВЕТЕН АРАНЖМАН + ПОМАЛА КУТИЈА СО ПОДАРОК (каиш, паричник, накит) И ПАРИ / ГРЕПКА / ВАУЧЕР
  12. ЦВЕТЕН АРАНЖМАН + ЧОКОЛАДНИ БОНБОНИ И ПАРИ / ГРЕПКА / ВАУЧЕР
Примател на подарок Сетот е соодветен е за сите поводи за кои сакате да подарите на: ЖЕНСКО, ДЕТЕ, БЕБЕ или БРАЧЕН ПАР
Поводи ВЕРИДБА, РЕГИСТРАЦИЈА, СВАДБА, ВСЕЛУВАЊЕ ВО НОВ ДОМ, МЛАДЕНЦИ, ДАРУВАЊЕ НА КУМОВЦИ, ДОБРЕ ДОЈДЕ БЕБЕ, МЕКИЦИ ЗА БЕБЕ, КРШТЕВКА,  РОДЕНДЕН, ПОЛУМАТУРА, МАТУРА, ДИПЛОМСКА, ПЕНЗИОНИРАЊЕ, 8 МАРТ
Земја на производство Кутијата прозорец и пликот се комплетно изработени во печатница во Р. МАКЕДОНИЈА
Колекција Лен-че

Сет од кутија прозорец во зелена боја со картичка за порака и стикери завеса и рачка за лепење на кутијата и мал плик во розева боја со картичка за порака, стикер “поштенска марка” за персонализирање на картичката за порака и стикер панделка за лепење и декорирање на пликот. Кутија прозорец е поразлична од сите наши кутии бидејќи подарокот во неа се гледа, може и да се допре. Не е погодна за ситни подароци. Може да се користи и без стикери. Кутијата ја добивате расклопена, многу е лесна и едноставна за склопување. Со кутијата прозорец добивате картичка на која може да напишете порака со желба (добре дојде бебе, роденден, дипломска) и стикери завеса и рачка за да ја залепите и декорирате кутијата.

 

Стикери “завеса” и “рачка” по ВАШ ИЗБОР со:

ПАДОБРАНИ за: добре дојде бебе, мекици за бебе, крштевка, прв роденден

ЦВЕЌИЊА за: вселување во нов дом, младенци, дарување на кумовци, роденден, полуматура, матура, дипломска, пензионирање, 8 март

 

Со пликот добивате стикер панделка за да го залепите и декорирате пликот, картичка на која може да напишете порака со желба (роденден, свадба, крштевка) и стикер “поштенска марка” за да ја персонализирате картичката.

 

Стикерче “поштенска марка” по ВАШ ИЗБОР со:

СРЦЕ за: веридба, регистрација, свадба, вселување во нов дом, дарување на кумовци, младенци, пензионирање, 8 март 

БАЛОНИ за: роденден, прослава

ПАДОБРАН за: добре дојде бебе, мекици за бебе, крштевка, прв роденден

КАПА ЗА ДИПЛОМИРАЊЕ за: полуматура, матура, дипломска.

 

Со секоја кутија прозорец има упатство за пакување на кутијата и предлог идеи за подарок во кутијата.

Чекори:

  1. Ја склопувате кутијата
  2. Го ставате подарокот во кутијата 
  3. Пишувате порака со желба на картичката
  4. Ја ставате картичката во кутијата 
  5. Ја лепите и ја декорирате кутијата со стикери. 

 

Со секој плик има упатство за пакување на пликот и предлог идеи за подарок во пликот.

Чекори:

  1. Го отворате пликот 
  2. Го ставате подарокот во пликот (пари, ваучер, грепка)
  3. Ја персонализирате картичката со стикер
  4. Пишувате порака со желба на картичката
  5. Ја ставате картичката во пликот
  6. Го лепите и го декорирате пликот со стикер.