Кутија прозорец во зелена боја
со картичка за порака и стикери за лепење, декорирање и персонализирање на кутијата
250 ден
| Категорија | КУТИЈА |
| Боја | ЗЕЛЕНА |
| Материјал | СЈАЕН КАРТОН од надвор и БЕЛ МИКРОВАЛ од внатре - Надворешниот дел на кутијата е изработен од посебен вид на картон обложен со сјајна фолија. Овој материјал има огледален ефект и денес е многу популарен и широко употребуван за различни видови на кутии за премиум пакување. Внатрешниот дел на кутијата е изработен од бел микровал. Овој материјал ја прави кутијата многу цврста и без проблем може да издржи сунѓер потопен во вода за потребите на цвеќето, доколку во неа подарувате цвеќе. Кутијата изгледа фантастично наполнета со цвеќе. Во кутијата може да оставите еден ќош или на средина да ја пополните со другата помала кутија со подарок. |
| Димензии ШхВхД | 6cm x 26cm x 20cm |
| Тежина | 95 g |
| Содржина / Идеи за подарок | Кутијата не е погодна за ситни подароци.
|
| Примател на подарок | Соодветна е за сите поводи за кои сакате да подарите на: ЖЕНСКО, ДЕТЕ, БЕБЕ или БРАЧЕН ПАР |
| Поводи | ВЕРИДБА, РЕГИСТРАЦИЈА, СВАДБА, ВСЕЛУВАЊЕ ВО НОВ ДОМ, МЛАДЕНЦИ, ДАРУВАЊЕ НА КУМОВЦИ, ДОБРЕ ДОЈДЕ БЕБЕ, МЕКИЦИ ЗА БЕБЕ, КРШТЕВКА, РОДЕНДЕН, ПОЛУМАТУРА, МАТУРА, ДИПЛОМСКА, ПЕНЗИОНИРАЊЕ, 8 МАРТ |
| Земја на производство | Пликот е комплетно изработен во печатница во Р. МАКЕДОНИЈА |
| Колекција | Лен-че |
Кутија прозорец во зелена боја со картичка за порака и стикери завеса и рачка за лепење на кутијата. Поразлична е од сите наши кутии бидејќи подарокот во неа се гледа, може и да се допре. Не е погодна за ситни подароци. Може да се користи и без стикери. Кутијата ја добивате расклопена, многу е лесна и едноставна за склопување. Со кутијата добивате картичка на која може да напишете порака со желба (добре дојде бебе, роденден, дипломска) и стикери завеса и рачка за да ја залепите и декорирате кутијата.
Стикери “завеса” и “рачка” по ВАШ ИЗБОР со:
ПАДОБРАНИ за: добре дојде бебе, мекици за бебе, крштевка, прв роденден
ЦВЕЌИЊА за: вселување во нов дом, младенци, дарување на кумовци, роденден, полуматура, матура, дипломска, пензионирање, 8 март
Со секоја кутија прозорец има упатство за пакување на кутијата и предлог идеи за подарок во кутијата.
Чекори:
1. Ја склопувате кутијата
2. Го ставате подарокот во кутијата
3. Пишувате порака со желба на картичката
4. Ја ставате картичката во кутијата
5. Ја лепите и ја декорирате кутијата со стикери.







