Сет од кутија за пијалак во ментол сина боја и мал плик во ментол сина боја
со картички за порака и стикери за лепење и декорирање на пликата
290 ден
Достапни и поединечно
| Категорија | СЕТ ОД КУТИЈА И ПЛИК |
| Боја | Сетот се состои од кутија за пијалак во МЕНТОЛ СИНА боја и мал плик во МЕНТОЛ СИНА боја |
| Материјал на кутија | СЈАЕН КАРТОН од надвор и БЕЛ МИКРОВАЛ од внатре - Надворешниот дел на кутијата е изработен од посебен вид на картон обложен со сјајна фолија. Овој материјал има огледален ефект и денес е многу популарен и широко употребуван за различни видови на кутии за премиум пакување. Внатрешниот дел на кутијата е изработен од бел микровал. Овој материјал ја прави кутијата многу цврста. |
| Материјал на мал плик | СЈАЕН КАРТОН - пликот е изработен од посебен вид на картон обложен со сјајна фолија. Овој материјал има огледален ефект и денес е многу популарен и широко употребуван за различни видови на кутии за премиум пакување. |
| Димензии ШхВхД на кутија | 8cm x 33cm x 8cm |
| Димензии ШхВхД на мал плик | 0,5cm x 10cm x 16cm |
| Тежина на кутија | 57 g |
| Тежина на мал плик | 10 g |
| Содржина на подарок / Идеи за подарок во сетот | Овој сет е соодветен за сите поводи за кои сакате да подарите подарок во matching set:
ПИЈАЛАК И ПАРИ, ГРЕПКИ, ВАУЧЕРИ, КАРТИ ЗА КОНЦЕРТ, БИЛЕТИ ЗА ПАТУВАЊЕ/КИНО/ТЕАТАР, ФОТОГРАФИИ |
| Примател на подарок | Сетот е соодветен е за сите поводи за кои сакате да подарите на: МАШКО, ЖЕНСКО или БРАЧЕН ПАР |
| Поводи | ВЕРИДБА, РЕГИСТРАЦИЈА, ВСЕЛУВАЊЕ ВО НОВ ДОМ, ДАРУВАЊЕ НА КУМОВЦИ, МЛАДЕНЦИ, РОДЕНДЕН, КУЌНА СЛАВА, ИМЕНДЕН, МАТУРА, ДИПЛОМСКА, ПЕНЗИОНИРАЊЕ, 8 МАРТ |
| Земја на производство | Декоративното пакување за цвеќе и кутијата за пијалак се комплетно изработени во печатница во Р. МАКЕДОНИЈА |
| Колекција | Лен-че |
Сет од кутија за пијалак во ментол сина боја со картичка за порака и стикер панделка за лепење и декорирање на кутијата и мал плик во ментол сина боја со картичка за порака, стикер “поштенска марка” за персонализирање на картичката за порака и стикер панделка за лепење и декорирање на пликот. Со кутијата за пијалак добивате картичка на која може да напишете порака со желба (именден, слава, дипломска) и стикер панделка за да ја залепите и декорирате кутијата. Кутијата ја добивате расклопена, многу е лесна и едноставна за склопување. Со пликот добивате стикер панделка за да го залепите и декорирате пликот, картичка на која може да напишете порака со желба (роденден, свадба, крштевка) и стикер “поштенска марка” за да ја персонализирате картичката.
Стикерче “поштенска марка” по ВАШ ИЗБОР со:
СРЦЕ за: веридба, регистрација, свадба, вселување во нов дом, дарување на кумовци, младенци, пензионирање, 8 март
БАЛОНИ за: роденден, прослава
ПАДОБРАН за: добре дојде бебе, мекици за бебе, крштевка, прв роденден
КАПА ЗА ДИПЛОМИРАЊЕ за: полуматура, матура, дипломска.
Со секоја кутија за пијалак има упатство за пакување на кутијата и предлог идеи за подарок во кутијата.
Чекори:
- Ја склопувате кутијата
- Го ставате пијалакот во кутијата
- Пишувате порака со желба на картичката
- Ја ставате картичката во кутијата
- Ја лепите и ја декорирате кутијата со стикер.
Со секој плик има упатство за пакување на пликот и предлог идеи за подарок во пликот.
Чекори:
- Го отворате пликот
- Го ставате подарокот во пликот (пари, ваучер, грепка)
- Ја персонализирате картичката со стикер
- Пишувате порака со желба на картичката
- Ја ставате картичката во пликот
- Го лепите и го декорирате пликот со стикер.





