Летни подароци, Подароци, Спакувај сам

Летни подароци за летни поводи

Среќно и безгрижно креативно лето со подароци од нашата летна колекција ЛЕН-Че, колекција од сјаен картон, мека и нежна како лен за стилски пакувања, а во неа: разиграна и заносна ВИОЛЕТОВА, освежителна и свежа МЕНТА, класична и неутрална КРЕМ, ЛОСОС РОЗЕВА, МЕНТОЛ СИНА И ЛИМОН ЖОЛТА боја се натпреваруваат за шоуто. 

 Штотуку креиравме комбо со перфектен баланс на свежо и разиграно со топло и неутрално, а истовремено ги покривме и сите ваши летни поводи.

Правила за одбирање на пакување за подарок за летен повод

Примател на подарок:

 - Машко, женско, брачен пар, дете или бебе

Содржина на подарок:

- Пари

- Бонбониера

- Пијалак

- Цвеќе/цветен аранжман

- Облека

- Играчки

-Додатоци

Посакувана боја/материјал на пакување:

- Сјаен картон во розева, ментол сина, жолта, виолетова, мента, крем или зелена боја

  1. МАЛ ПЛИК со 4 начини за персонализирање на вашите картички со пораки. Со секој купен мал плик во: виолетова, мента, крем, лосос розева, лимон жолта и ментол сина боја - освен стикерче за лепење на пликцето и картичка за порака, следува и стикерче "поштенска марка" за персонализирање на картичката за порака по ВАШ ИЗБОР и тоа со: срце, балони, падобран или капа за дипломирање, зависно од тоа за кој повод подарувате во пликцето.

Ви ги претставуваме нашите стикери "поштенски марки"

- срце за: свадба, веридба, регистрација, вселување во нов дом, пензионирање, дарување на кумовци, 8 март

- падобран за: новороденче, мекици за бебе, крштевка, прв роденден

- балони за: роденден, прослава

- капа за дипломирање за: матура, дипломска, полуматура

Идеи за подарок: пари/ваучери/грепки/мали фотографии/карти и билети за патување, кино, театар, концерт.

2. ПЛИК ТАШНИЧКИ

Нашиот летен адвент календар со плик ташнички. Дали ги видовте ментол сините плик ташнички од летната колекција? Едната варијанта ја направивме токму во оваа боја по ваше барање за да може во нив да подарите и на машко. И не само тоа, пробавме убаво да доловиме што сè собираат и дадовме некоја идеја за подарок за машко:

- Часовник и мала чоколада
- - Пари и чоколада

- Билет за патување и чоколада
- Мал парфем


Подарок за женско:
- Мал парфем и мала чоколада
- Сет за нокти, лак за нокти и џебно огледалце


Другата боја на плик ташничките во летната колекција е лосос розева. Ширината од 5 cm им дозволува да ги полните со работи едно позади друго, висината од 10 cm ги прави толку длабоки и должината од 17,5 cm им дозволува да ставите повеќе работи во нив едно до друго. Пробавме убаво да доловиме што сè собираат и што сè може да подарите во нив. Некои од идеите ги добивме од вашите подароци:
- Кутивка со накит

- Шминки: молив за усни, сјај за усни, руменило, четка за руменило, бб крем

- Тенок каиш

- Долна облека

- Чоколада + ваучер
 
- Додатоци за коса: шноли, дијадема, стегач.

3. КУТИЈА РАНЧЕ

Заслужено, и ранчињата си добија летно руво. Стикерчињата каишки ги дизајниравме како шарени моливчиња. Ширината од 4 cm им дозволува да ги полните со работи едно позади друго, висината од 15 cm ги прави толку длабоки и должината од 11,5 cm им дозволува да ставите повеќе работи во нив едно до друго. Добивме многу коментари дека во "живо" ви изгледаат многу мали, за разлика од слики, па пробавме убаво да доловиме што сè собираат. Идеите ги добивме од вашите детски подароци:

  1. Чоколатце и пари
  2. Мала сликовница/тефтерче, ножички и креди/мали боички
  3. Детски накит, додатоци за коса и детски часовник
  4. Две мали чоколатца, мало смути, лижавка

Достапни се во две варијанти:

  1. Кутија ранче во розева/жолта боја со картичка за порака во розева боја и два стикера каишки со шарени моливчиња
  2. Кутија ранче во жолта/виолетова боја со картичка за порака во жолта боја и два стикера каишки со шарени моливчиња

4. ГОЛЕМ ШАРЕН ЏЕБ ПЛИК

Овој убавец "го облековме" во шарени риги, неговата летна варијанта во новата колекција. Кога е убаво наполнет, има елегантно меше. Материјалот на пликот е многу цврст и доколку му ја погодите содржината внатре, според тоа колку му дозволуваат димензиите, изгледа баш вака. Станува збор за џеб плик, погодивте нели? Во ново руво, но со иста елеганција. Со него следува картичка за порака во виолетова боја и стикер виолетово копче.

P.S. На сликата е "наполнет" со мерси бонбониера.

5. ЌЕСЕ

*Со 4 начини за да ги персонализирате вашите подароци во нашето ќесе од хартија во жолта боја. Со секое купено ќесе во жолта боја, следува картичка за порака и голем стикер во улога на штипка по ВАШ ИЗБОР и тоа со: розево/ментол сино срце, шарени балони, розев/син падобран и шарен молив зависно од тоа за кој повод подарувате во ќесето.

Ви ги претставуваме стикерите во улога на штипка за нашето жолто ќесе:

- срце во розева или ментол сина боја за: роденден, матура, полуматура, дипломска, 8 март, пензионирање, вселување во нов дом, дарување на кумовци

падобран во розева или ментол сина боја за: новороденче, мекици за бебе, крштевка, прв роденден

- шарени балони за: роденден, прослава

- шарен молив за: среќно прваче, роденден, полуматура

Со кои стикери во улога на штипка би ги "стокмиле" вашите летни подароци? Среќно персонализирање на вашите подароци во нашето ќесе.

6. ДЕКОРАТИВНО ПАКУВАЊЕ ЗА ЦВЕЌЕ

Кој рече дека летното време не е за букети? Овие цветови цутат на потопло време и нудат свежи бои кои перфектно се вклопуваат со енергијата на сезонава и нашето декоративно пакување за цвеќе од сјаен картон во лосос розева боја. Дел од декоративното пакување за цвеќе е специјално пликце. Со секое декоративно пакување за цвеќе следи картичка за порака и стикерче за лепење на пликцето. На букетот да се остават подолги дршки како на сликите за да може да стои заедно со декоративното пакување во вазна со вода.

7. КУТИЈА ЗА ПИЈАЛАК

Дали подарувате пијалак на жешко?

Летните горештини и летната ментол сина боја на кутијата за пијалак, повикуваше во неа да подариме "бус" ладен џин. Веќе е испробано, на кутијата за пијалак би и требало доста време за да стане мокра.

Во летната колекција оваа кутија ни доаѓа во ментол сина боја. Внатрешноста и остана од бел микровал, а од надвор е обложена со сјаен картон. Димензиите се истите ШхВхД: 8 cm x 33 cm x 8 cm. Со кутијата доаѓа и картичка за порака и стикерче панделка за лепење на кутијата. Шишето за пијалак е од 700 ml и перфектно го собира.

Дали би подариле "бус" ладен пијалак во кутијата?

8. КУТИЈА ПРОЗОРЕЦ

Дали знаевте дека во кутија прозорец може да подарите цветен аранжман? Кутијата изгледа фантастично наполнета со цвеќе, многу е цврста благодарение на микровалот кој е дел од нејзината внатрешност и без проблем може да издржи сунѓер потопен во вода за потребите на цвеќето. Наполнета на овој начин, кутијата може да се остави и со отворени прозорчиња, без да се лепи со стикери. А, да, во кутијата оставивме еден ќош и го пополнивме со бобинки. Сезона им е, нема кој не ги јаде, супер замена се за класично благо кое не трпи високи температури и супер подарок за другарка која е на режим и не јаде процесиран шеќер.

Дали би подариле цветен аранжман во оваа кутија?

Во кутија прозорец може да подарите и комбо цветен аранжман + подарок во друга помала брендирана кутија (каиш, паричник, накит)? Во кутијата може да оставите еден ќош или на средина да ја пополните со другата помала кутија со подарок.

Еден од двата начини за да ја декорирате кутија прозорец е со: стикерче во форма на завеса со цветчиња и стикерче во форма на рачка со цветче. Идејата ја добивме од вашите фотографии и во неа спакувавме: книга, џемперче, свеќа и мал кактус.

Последен начин за да ја декорирате кутија прозорец е со: стикерче во форма на завеса со балони и стикерче во улога на рачка со балон. Стикерите се соодветни за да ја декорирате кутијата доколку во неа подарувате за бебе (бебешко комплетче + чорапчиња + благо; бебешко комплетче + играчка; бебешко комплетче + обувки + мала играчка). Во летната колекција, оваа кутија ни доаѓа во свежа трева зелена боја. Кутијата не е погодна за ситни подароци и е особено интересна бидејќи подарокот спакуван во неа се гледа, а може и да се допре. Може да стои налегната и исправена, подарокот изгледа одлично и на двата начини.